Почетна / Забава / „One World: Together at home“ – познатите со „лајфстрим“ концерт

„One World: Together at home“ – познатите со „лајфстрим“ концерт

Во соработка со Светската здравствена организација и организацијата Citizen, најголемите музички ѕвезди во светот вечерва со онлајн концерт со цел сите луѓе на светот да се чувствуваат заедно, да го надминат својот страв од иднината и да добијат надеж. Концерот ќе почне во 20 часот и ќе трае до 02 часот по полноќ.

Меѓу оние што ќе настапат се: Селин Дион, Аланис Морисет, Андреа Бочели, Били Ајлиш, Били Џо Амстронг од Грин Деј, Бурна Бој, Крис Мартин, Дејвид Бекам, Еди Ведер, Елтон Џон, Идрис и Сабрина Елба, Џ. Балвин, Џон Леџенд, Кејси Масгрејвс , Кит Урбан, Кери Вашингтон, Ланг Ланг, Лицо, Малума., Пол Мекартни, Пријанка Чопра Џонас, Шах Рух Кан, Ролинг Стоунс и Стиви Вондер.

Програмата ќе ја водат Џими Фалон, Џими Кимел и Стивен Колберт.
Концертот можете да го следите на Фејсбук, Инстаграм, ЈуТјуб и други платформи.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ексклузивното музичко кабаре шоу „Нина“ на 15 февруари во Скопје

„Животот е ништо повеќе од шаховска партија. Таа секогаш се гледаше себеси како пион, сè …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!