Почетна / Забава / Со „Танец“ ќе почне 61. Балкански фестивал на народни песни и игри

Со „Танец“ ќе почне 61. Балкански фестивал на народни песни и игри

Традиционлано, со настап на ансамблот „Танец“ в четврток ќе почне 61. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри во организација на центарот за култура „Григор Прличев”. На сцената на Долни Сарај, до 11 овој месец љубителите на фолклорот ќе има можност да погледнат настапи на ансмбли и културни уметнички друштва од државата, но и од Албанија, Србија, Словачка, Босна и Херцеговина.

Најстарата фолклорна манфестација на Балканот, се одржува под покровителство на Собранието на Република Македонија, а ќе ја отвори потпретседателот, Горан Мисовски.

Во рамките на програмата предвидено е оторање на изложбата „Муренките црници во изумирање во Радожда“ од академскиот сликар Салвко Упевче.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ристе Ристески беше гостин на концертите на Цетински во Сава Центар

На крајот на ноември, Тони Цетински приреди три последователни концерти во легендарниот Сава Центар во …

error: Содржината е заштитена!