Во спортската сала „Гоце Делчев“ во Илинден започна 13. Меѓународен турнир во џиу-џица „Скопје Опен 2024“.
Оваа манифестација ја продолжува традицијата и ја обединува џиу-џица заедницата од Македонија, но и од земјите на регионот – Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Бугарија, Грција, па дури и од Австрија.
Со повеќе од 200 учесници, турнирот не е само натпреварувачки, туку и вистински празник на спортот.
Дани | ТВ пакет