Почетна / Сапуници / Фото | Озан од „Љубов и сè е можно“ е избран за најдобар модел

Фото | Озан од „Љубов и сè е можно“ е избран за најдобар модел

Илан Шен е роден на 19 декември 1987 година во Бугарија во турско семејство.

Неговото семејство било принудено да емигрира од Бугарија во Турција кога тој имал две години. Од детството играл како професионален млад спортист во кошаркарски и фудбалски клубови (Фенербахче и др.).

По завршувањето на основното и средното образование во Истанбул, студирал на Техничкиот универзитет Јилдиз, а дипломирал како градежен инженер.

Започнал да се занимава со манекенство на 17 години. Учествувал на натпреварот за најдобар модел на Турција во 2008 година и ја добил наградата „Најдобар модел на костими за капење“.

Во 2009 година го освоил првото место како „Најдобар модел на Турција 2009 година“.

Тој ја претставувал Турција на „Најдобар модел на светот 2009“ што се одржа во Софија, Бугарија и станал „Најдобар модел на Европа“ за таа година.

По завршеток на кариерата како модел, тој започнува да се знаимава со глума.

По неколку споредни улоги, конечно добива главна и тоа во летниот романтичен хит на Сител – “Љубов и сè е можно” која ја гледате од понеделник до петок во 21.25 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжуваат „Трите сестри“ – вашата омилена серија само на Сител

На ваше задоволство, продолжува омилената серија за трите сестри. Срдечна и топла приказна за Туркан, …

error: Содржината е заштитена!