Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Снимка од фестивалот на шегобијни песни „Тумба фест 2022“ на МРТ 1
Кралицата на шегобијната песна како дел од кумановскиот фестивал

Снимка од фестивалот на шегобијни песни „Тумба фест 2022“ на МРТ 1

Во петок, 9 септември со почеток во 17.45 часот, Македонската телевизија ќе емитува снимка од годинешното издание на Фестивалот на народна шегобијна песна “Тумба фест”.

На фестивалот настапија македонските фолк ѕвезди како Елена Велевска, Миле Кузмановски, Благица Павловска, Румиана Попова, Катерина Брезева и Соната, Душко Георгиевски, Нино Величковски, Анета Наковска, Ристо Краповски, Лилјана Прнаркова, Петар Нечовски, Мирослав Крстевски, Сашо Николовски, Методија Столески, Аце Трифуновски, Ирена Петрова, Сани и Династија бенд.

Фестивалот го организира Здружението „Етно ризница“ од Куманово, со поддршка на Општина Куманово. За потсетување, ова е фестивал во кој се опејуваат македонските и кумановските сокаци, познатите меани, сите случувања од минатото и сега, а повеќето од песните се вистинки приказни.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Злате Мехмедовиќ: Кога жена е во ПМС, мажот треба да си пие апчиња!

Дали балканските мажи излегуваат од мода, а нивното место го заземааат современите мажи? Вечна дилема …

error: Содржината е заштитена!