Почетна / Забава / Евровизија / Слушнете ја песната со која наши композитори ќе одат на Евровизија

Слушнете ја песната со која наши композитори ќе одат на Евровизија

Поради тоа што МРТ втора година по ред се откажа од учество на најголемиот светски музички фестивал – Евровизија, македонските автори својата среќа ја побараа во другите земји. Песната на Дарко Димитров и Ада Скитка – Fire fighter за Грузија ќе ја пее Nutsa Buzaladze.

Од 300 пристигнати песни во Грузија, токму песната на нашите композитори е избрана за Евровизија и истата беше претставена вчера пред грузиската публика. Одговорен за уметничкиот настап во Малме ќе биде американецот Сагив Карпел, кој претходно има работено осум години на Америка има талент и моментално работи на Американски идол.

Иако МРТ истакна дека нема заинтересираност кај нашите композитори да испратат песна, со ова се докажува дека интересот на нашите автори е голем, но МРТ им ја ускрати можноста две години по ред да направат песни за нашата земја. Поради оваа одлука ни останува да навиваме за нашите автори и да им посакаме да влезат во големото финале во Малме, Шведска.

Стискаме палци за македонските автори на Евровизија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради нашето неучество, наши автори и на српскиот избор за Евровизија

Поради откажувањето две години по ред на МРТ од Евровизија нашите композитори својата среќа ја …

error: Содржината е заштитена!