Почетна / Живот / Објавен антологиски избор од македонска поезија во Словенија

Објавен антологиски избор од македонска поезија во Словенија

Минативе денови во издание на Македонското културно друштво Македонија од Љубљана од печат излезе збирката (Не)пар / (Ne)par: Dvojezični izbor sveže makedonske literature, антологиски избор на младата македонска поезија.

Во изборот се вклучени вкупно 22 песни заедно со био-библиографски белешки од македонските поети: Јосип Коцев, Маријана Јанческа, Снежана Стојчевска, Катерина Гогова и Стефан Марковски.

Изборот е во превод на група преведувачи под менторство на Намита Субиото, македонистка од Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана и Лара Миховиловиќ, професорка по македонски јазик, поетеса и преведувач.

Промоцијата на изборот (Не)пар… ќе се случи на почетокот од декември во рамки на манифестацијата „Прешерново оро“ во Крањ, Словенија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јубилејни 50 години Театар „Чекори“ со премиера на „Крај на играта“

По повод 50 години од основањето на Театар „Чекори” и 80 годишнината од раѓањето на …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!