Почетна / Сапуници / Се омажи Химена Наварете, актерката од „Бура“ и Мис Универзум за 2010-та

Се омажи Химена Наварете, актерката од „Бура“ и Мис Универзум за 2010-та

 

На 1 април, Химена и избраникот се заколнаа на вечна љубов

 

 

Мексиканската актерка и Мис Универзум за 2010 година, на македонската публика и е позната по главната улога во теленовелата “Бура”, емитувана на локалните телевизии. Во првото дебитирање во играна серија, Химена му беше партнерка на латино заводникот Вилијам Леви и токму поради нивната физичка убавина, серијата предизвика големо внимание кај нивните фанови.

 

 

Минатата недела, Химена стапи во брак со мексиканскиот бизнисмен Хуан Карлос Ваљадарес. Свадбата беше особено коментирана на Твитер и останатите социјални мрежи, а во мексиканските медиуми беше главна тема.

 

 

“Ти благодарам, Хуан Карлос, што ми ја растрепери и возвиши душата. Ти благодарам за сите убави моменти, љубов и насмевки. Денес започнуваме нова етапа од нашите животи, со желба да го живееме остатокот од нашите животи заедно. Те сакам” – напиша актерката, пред започнување на гламурозната церемонија.

Во продолжение погледнете како изгледаше убавицата на Мексико во венчаница, дизајнирана од Бенито Сантос :

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На местото на „Тоскана“, нова италијанска серија на ТВ 24

Наспроти позадината на општествените востанија и класните борби во Италија непосредно пред Првата светска војна, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!