Почетна / Сапуници / Слатката комедија за „Малата Каја“ oд сега секое неделно попладне

Слатката комедија за „Малата Каја“ oд сега секое неделно попладне

Забавна комедија за двајца млади кои ќе ги спои една слатка и невина душа, една вистинска мала умница. “Малата Каја” се емитуваше на Канал 5 од понеделник до петок, но од сега ќе ја гледате само во недела во 16 часот.

Ова е серија за Неџат и неговата ќерка Каја кои живеат среќен живот. Тој е успешен маркетинг директор кој секогаш одвојува време за својата ќерка, единствената вистинска и чиста љубов во неговиот живот откако сопругата ги напуштила кога Каја била бебе.

Сепак, тој никогаш немал храброст да ја сподели вистината за исчезнувањето на нејзината мајка, па затоа ја лаже ќеркичката дека нејзината мајка е само далеку, но дека еден ден ќе се врати и тоа на нејзиниот роденден. Малата слатка лага за таткото значи и пишување на писма и испраќање картички до Каја, наводно од нејзината мајка. За волја на вистината, тој нема идеја како некогаш ќе дојде мајката на тој роденден.


Еден ден, додека Неџат разгледува локации за рекламирање, случајно ја запознава убавата девојка Суна во една слаткарница. Најпрвин нивната средба завршува со недоразбирање, но потоа Суна сфаќа дека тој навистина сакал да помогне и да ја искористи слаткарницата како локација за неговите снимања.

Суна чувствува каење, па затоа му пече торта на Неџат и го следи до неговата домашна адреса. Кога пристигнува – среде роденденската забава на Каја – малото девојче одненадеш донесува погрешен заклучок. Каја мисли дека тоа е нејзината мајка која дошла токму тогаш, на нејзиниот роденден. Не можејќи да ја разочара ќеркичката, Неџат ќе мора да ја продолжи лагата и инстинктивно одговара дека да, Суна е нејзината мајка.

И со тоа, лагите само се заплеткуваат. Суна е приморана да глуми мајка, а Неџат продолжува да ја лаже ќерката. Интересни и комични ситуации следуваат во нивните животи, а малата Каја ќе биде причина за зближување на Неџат и Суна, кои сфаќаат дека љубовта повторно е на прагот на нивните врати.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која е свекрвата од Сителовата драма за „Девојката од прозорецот” ?

Ова е Гулџихан, свекрвата на Девојката со која се дружиме од понеделник до петок навечер …

error: Содржината е заштитена!