Почетна / Серии / Семејната американска драма „Девојките Гилмор“ наскоро на МРТ 1

Семејната американска драма „Девојките Гилмор“ наскоро на МРТ 1

Конечно нешто ново на каналите на Македонската телевизија. Светски познатата американска драмедија “Gilmore girls” наскоро на МРТ.

Емоции, семејни проблеми и хармонија во односите меѓу мајката и ќерката следуваат за гледачите на МТВ. Лорен Грем и Алексис Бледел се главните улоги во серијата која оригинално се емитуваше на каналот Ворнер Брос од 5 октомври 2000 година до 15 мај 2007, комплетирајќи седум сезони.

Во лоши односи со своите родители од своите 16 години, кога останала бремена и го напуштила семејниот дом, Лорелај се снаоѓала сама во животот и денес е менаџер на еден пансион во Сатрс Холоу, а нејзината ќерка учи во елитно училиште.

Со желба да ѝ го даде на Рори најдоброто од животот, Лорелај се зближува со своите родители при што се раѓаат многу прилики за хумор и драма.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судот во Јапонија пресуди дека АИ не смее да го клонира гласот

Живееме во време кога вештачката интелигенција (ВИ) може да го копира секој наш детаљ, но …

error: Содржината е заштитена!