Почетна / Телевизија / Секоја сабота на Сител, нови емисии од „Секунди до катастрофата“

Секоја сабота на Сител, нови емисии од „Секунди до катастрофата“

Продолжува популарниот документарен серијал на National Geographic, “Seconds from disaster”. Секоја сабота на Сител телевизија, веднаш по вестите од 16 часот, ќе следиме нови вистинити и трогателни приказни кои го потресоа светот. Што се одвиваше на само неколку секунди пред големите светски катастрофи? Што доведе до страшните трагедии, открива документарниот пристап на серијалот емисии на Сител.

Оваа сабота, 9 февруари, во 16.30 часот ја гледаме несреќата во хотелот Реџенси во Канзас, која се случи во 1981 година при што животот го загубија 114 лица, а над 200 беа повредени. Најголемата несреќа во американската историја, покрај онаа со кулите близначки, се случила на една забава во хотелот во Канзас при што одеднаш цел спрат се урна. Кои се причините за градежната катастрофа, дознаваме денеска на Сител.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инреком: За дигитализацијата на државата и медиумските слободи

Институтот за развој на електронски комуникации – ИНРЕКОМ Скопје шеста година по ред објавува краток …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!