Почетна / Телевизија / Маџиров во полуфинале на „Italia’s got talent“

Маџиров во полуфинале на „Italia’s got talent“

 

ТВ Пакет вчера на официјалната Фејсбук страница објави видео од спектакуларниот настап на Зоран Маџиров во полуфиналето на „Italia’s got talent“ и како и првиот пат предизвика големо воодушевување кај публиката.

 

 

Видеото за кратко време беше споделено од многу македонски интернет портали, но бидејќи немале можност да го погледнат шоуто објавија неточни информации.

 

 

Шоуто имаше две полуфиналиња кои се емитуваа на 26. октомври и 02. ноември и во секоја полуфинална вечер имаше по 18 кандидати кои беа поделени во три групи. Во секоја група имаше по шест кандидати. Во финалето вкупно од двете полуфиналиња продолжуваат 12 кандидати или 6 кандидати од по една полуфинална вечер. Од секоја група се избираа по двајца кандидати каде едниот кандидат директно продолжува во финале со гласање од публиката, додека вториот и третиот пласиран во групата која не се знае нивната точна позиција го избираше жири комисијата.

Зоран Маџиров настапуваше во втората полуфинална вечер и беше во втората група од шест кандидати. Маџиров беше еден од фаворитите и се најде во таква ситуација каде требаше жири комисијата да избере кој ќе продолжи во финале, но за жал не продолжува понатаму бидејќи беше избран другиот кандидат.

Маџиров можеби не продолжува во шоуто „Italia’s got talent“, но сигурни сме дека ќе продолжи со своите спектакуларни настапи ширум светот. 

 

 

 

Мите Иванов | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Не одете право, одете криво за името да ни е живо“

Добар ден, добро јуначе. Срце ми плаче шо не можам да се вклучам. Но еве …