Мини серија во 8 продолженија, полна со авантури од светот на кулинарството. Шеф Амандин Шењо ќе нè води на островот Хокаидо, езерото Тоја и во регионите на Нисеко и Сапоро.

Французинката ќе биде изненадена од разноликоста и суптилноста на јапонската гастрономија, а преку нејзините патувања, ќе се запознаеме со оваа традиционална, деликатна и рафинирана кујна што се смета за една од најмалку калоричните и една од најбалансираните во светот.

Ќе уживаме во предели од кои запира здивот и ќе ги откриваме тајните на јапонските национални специјалитети.

Дани | ТВ Пакет