Почетна / Сапуници / „Горчлива одмазда“ исчезна од програмата на Телма, наместо неа – репризи
"Горчлива Одмазда" е избрана за најдобра теленовела во светот за 2018-та година

„Горчлива одмазда“ исчезна од програмата на Телма, наместо неа – репризи

Во програмската шема на телевизија Телма за следнава седмица (објавена и на веб сајтот на телевизијата), за португалската теленовела очигледно нема место. Имено, од понеделник, 25-ти јануари 2021 година, “Горчлива одмазда” не стои во програмскиот водич на телевизијата.

Наместо неа, во 9.45 часот ќе се емитува уште една реприза од Шоуто на Елен, покрај полноќната, а во 16.40 часот е премиерата на Елен, која досега се прикажуваше во 14.30 часот (во 14.30 од сега е реприза на шоуто со Ентони Бордеин).

По оваа програмска шема, Шоуто на Елен и Шоуто на Ентони Бордеин добиваат неколку репризи во текот на денот, плус неделни репризи за викенд.

Гледачите и читателите на ТВ Пакет ги интересира – зошто Телма нема да продолжи со нови епизоди од “Горчлива одмазда”? Првата сезона заврши во петокот (22.01.2021), но дали воопшто Телма ќе ја емитува и втората сезона?

Дали е фер кон сите оние гледачи да не се продолжи со сличен жанр на програмска содржина (сапунска драма од квалитетни продукции) каква што изминатава година навикнаа да следат ?

ТВ Пакет го пренесува гласот на читателите и воедно, гледачи, кои заслужуваат да следат првокласни светски драмски сапунски серии како Велвет, Колекција Велвет и Горчлива одмазда, кои единствено се емитуваа на телевизија како што е високоценетата национална Телма.

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Слатката комедија за „Малата Каја“ – попладне во 16.20 часот на Канал 5

Нова попладневна серија за релаксација по работните обврски. Романтична комедија за двајца млади кои ќе …

error: Содржината е заштитена!