Почетна / Филм / Саботна вечер на Телма со шпанската комедија „El inconveniente“

Саботна вечер на Телма со шпанската комедија „El inconveniente“

Севиља (Андалузија, во јужна Шпанија), 2019 година, Сара е успешна во работата со животни осигурувања. Среќно омажена со Даниел веќе 8 години. Таа дознава дека се продава многу евтин стан во градот и го ангажира агентот за недвижнини Оскар за да го разгледаат станот. Се е апсолутно е совршено, но Сара нема да може да се всели додека не почине сегашната, постара сопственичка Лола.

Заинтригирана, Сара го посетува станот, и ја затекнува Лола како пуши (не само обични цигари), пие, а дознава и дека преживеала троен бајпас. Лола по природата е личност со страст за живот и забава, спротивно на конзервативниот став на Сара. И покрај нејзината желба да се всели во станот, Сара не може да не се грижи и за Лола која ја полудува со нејзината животна филозофија и нејзините познати цитати. Работите драстично се менуваат кога Сара открива дека Даниел е неверен со колешката Елена.

Сара оди директно кај Лола за пријателски совет, а Лола го споделува своето минато со нејзиниот сопруг Виктор. Обидувајќи се да ја возврати услугата, Сара го наоѓа Виктор во обид да ги поправи нештата, за потоа да се запраша дали може да му прости на Даниел. Кога ќе се сретнат, Даниел и кажува дека Елена е бремена и дека сака да се разведе за да биде со Елена и нивното дете. Очајна Сара ѝ се јавува на Лола и открива дека има полоши работи од тоа што нејзиниот сопруг ја оставил за друга жена.

Безначаен проблем,  – сабота, 22 јуни 2024 – 19:15 часот – Телма телевизија

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Недела, 23 јуни на Телма, 22.15 часот | Воениот трилер „Ѕидот“

За време на војната во Ирак, наредникот на штабот на американската армија Шејн Метјус е …

error: Содржината е заштитена!