Почетна / Серии / Римејкот на популарната „Династија“ секој понеделник на Fox Life

Римејкот на популарната „Династија“ секој понеделник на Fox Life

“Династија” е американска прајмтајм сапуница која е римејк на истоимената популарна серија од осумдесетите. Досега емитувани се три сезони од серијата со вкупно 64 епизоди, а серијата е обновена и за четврта сезона која ќе се прикажува на пролет, 2021 година.

Секој понеделник од 21.55 часот имате можност на Фокс Лајф да ја пратите втората сезона.

Станува збор за модерна сага која ги следи двете најбогати американски семејства, Карингтон и Колби, додека се обидуваат да го контролираат богатството на своите деца. Во денешната ера, во која слични династии се појавуваат секаде, од риалити шоуа до музички таблоиди, оваа епска драма прикажува еден процент од својот гламур и сјај додека ни го открива мрачното подземје и корумпираниот свет, изграден на предавства, а во некои случаи и на убиства.

Носител на приказната е Фелон Карингтон, наследничката на милионерот Блејк Карингтон, која се обидува да стане шеф на фирмата, но откако таа позиција ќе ја добие Кристал Флорес, новата вереница на Блејк, започнува големо ривалство меѓу нив. Пристигнувањето на Сем, внукот на Кристал, кој започнува романтична врска со Стивен, синот на Блејк, прави Кристал да е во постојан страв семејството да не дознае за нејзиното сомнително минато.

Приказната уште повеќе се заплеткува со пристигнувањето на Алексис, првата жена на Блејк и мајка на Фелон и Стивен, која е подготвена да оди да крајности за да го врати изгубеното богатство.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Иновациите на Наса“, документарец на Телма секој понеделник

Еволуцијата на нашиот свет во голема мера зависи од технолошките ресурси, знаењето и ограничувањата, но …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!