Почетна / Серии / Реприза на српска серија на Сител

Реприза на српска серија на Сител

 

Реприза на „Непобедливо срце“ на Сител телевизија

По завршувањето на репризата на српската серија „Гревот на нејзината мајка“, од вчера Сител продолжува со репризи на српски серии. Се работи за уште една екранизација на дело на Мир Јам, овојпат „Непобедливото срце“ кое премиерно на Сител се емитуваше за време на викендите ланската сезона. Сега ќе се дава во 10:45 часот и 23:30 часот, термини кога порано на Сител се емитуваа премиерни американски и латиноамерикански серии. Долг период во 23:30 часот одеа американски серии како Видовитиот, ТВ екипа, Криминални умови, Рт на гневот, Беверли Хилс, Мелроус плејс, но сега тие серии се заменети со реприза на веќе емитувани српски серии. 

 


 

Дејството на “Непобедливото срце” е сместено во триесетите години од минатиот век. Милена е ќерка на богат банкар која се вљубува во Мирослав, човекот кој е најмен од татко и за да го подучи братот на Милена и да го посочи на вистинскиот пат. Но на патот на нивната љубов стои Влада, свршеникот на Милена. Милена ја раскинува веридбата со Влада кога дознава дека он има вонбрачен син, но веќе е доцна. Мирослав ја напуштил што предизвикува лудило кај Милена која поради тоа е пратена во санаториум. Но крајот е среќен и Милена и Мирослав конечно се венчаат. 

По “Ранетиот орел”, “Гревот на нејзината мајка” и “Непобедливото срце”, оваа година се екранизира уште едно дело на Мир Јам. Се работи за “Самец во бракот”, за чие прикажување постои голем интерес кај македонските телевизии.

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Повторно започнаа со снимање македонски народни приказни

Во селото Извор, Велешко во општина Чашка започна да се снима новата сезона на Македонски …

error: Содржината е заштитена!