Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #92 |Alevosía

Предавство, епизода #92 |Alevosía

 

Иако никој не помислува на најлошото по несреќата на Сесилија, докторите ја известуваат фамилијата дека девојката нема да може да гледа.

Сесилија бара утеха во својата баба, доња Инес, додека Густаво ја теши дека слепилото е само минливо и дека ќе ја прати кај најдобрите експерти.

Анхелес е бесна што последна дознава за слепилото на својата сестра и се расправа со Густаво што не и кажал на време. Потоа доаѓа кај Сесилија и ја теши со својата прегратка.

 

 

НЕДЕЛА, 11ти МАЈ, ГОЛЕМО ФИНАЛЕ ВО 18:30!

 

Доња Инес го прашува Густаво колку е сериозна болеста кај нејзината внука и докторот и одговара дека проблемот ќе се реши.

Анхелес го известува Марко дека се помалку ќе се гледаат бидејки сака да остане да ја негува својата сестра со цел да се зближат бидејки никогаш не биле блиски. Марко не ја прима добро ваквата вест и и префрла на Анхелес дека не го сака повеќе. Меѓу другото и префрла дека не и е важна нејзината сеста и дека ова го прави за да биде близу Густаво. И признава дека знае се за нејзината романса која ја имала со докторот и ја прашува дали уште е вљубена во него. Анхелес му одговара дека не е.

Трини дознава од Даниела за несреќата на Сесилија и и префла на својата сојузничка што не и кажала порано.

Доња Инес добива телефонски повик од Алехандро кој ја прашува како е нејзината внука.

Хоакин и Карола имаат мала расправа во барот но подоцна завршуваат страсно да водат љубов. Карола го прашува дали би сакал да му биде сопруга а тој и одговара дека е луд по неа и дека се би сторил да бидат заедно. Карола му признава дека никогаш не била вљубена како сега во него и дека би сакал да го мине животот со него.

Алехандро доаѓа да ја види ќерката на Лусија во болница, каде што се соочува со својот син. Марко му префрла дека му е сеедно за Сесилија и дека ја користи приликата да се види со Инес.

 

ПРОДОЛЖУВА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …