Почетна / Серии / Турција се прости од Хурем Султан

Турција се прости од Хурем Султан

 

Почина Хурем султан во најновата епизода на „Величествениот“

Во епизодата на 30 април на серијата „Величествениот“ која се емитуваше во Турција, умре главната јунакиња и вашата омилена, Хурем Султан. Тоа се случува на само неколку епизоди пред финалето на серијата кое ќе биде следниот месец во Турција, а на есен прикажано во Македонија. 

Слика

Нејзината ера започна и заврши во прегратките на Сулејман. Дојде во харемот како робинка, а заврши запаметена како најмоќната жена во историјата на Османлиската империја. Пред смртта, Хурем султан се простила од Махидевран, нејзината вечна ривалка, а потоа и го посетила гробот на Ибрахим паша. Во следните епизоди се очекува и смртта на Величествениот и започнување на периодот на владеење на неговиот син Селим.

 


 

 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Британската воена серија „Светот во пламен“ на Телма телевизија

Воена серија во 13 продолженија на Телма во 22.15 часот, стартувајќи од среда (29 април). …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!