Почетна / Живот / Промовирана стихозбирката „Скршен аватар“ на Чапаровска

Промовирана стихозбирката „Скршен аватар“ на Чапаровска

Збирката Скршен аватар на поетесата Магдалена Чапаровска во издание на литературното списание Современост беше промовирана пред јавноста во Домот на културата “Кочо Рацин”. Промотот на книгата беше Славчо Ковилоски, а стиховите ги читаше поетесата Катерина Гогова.


Скршен аватар …е обид да се пресликаат надворешните, но пред се внатрешните конфликти кои се резултат на турболентниот, модерен екосистем. Самите наслови на циклусите говорат многу. Виртуелни превирања, Елементарни пребарувања, Љубов или разделба во секој од нив потрагата, вечното себе-истражување го движи дејствието напред, запишува во рецензијата на стихозбирката д-р Јасмина Мојсиева-Гушева.
Чапаровска е родена во Скопје, по професија е психолог и советник, а Скршен аватар е нејзина втора збирка поезија, по Еленот слуша виножито (2017).

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поетот Марковски со свои читања на словенечката „Прешерново оро“

Македонскиот писател и поет Стефан Марковски деновиве имаше поетски настапи, предавање, читања и претставување на …

error: Содржината е заштитена!