Почетна / Живот / Промовиран романот „Потрага по загубениот гроб“ од Панче Коцев

Промовиран романот „Потрага по загубениот гроб“ од Панче Коцев

„Потрага по загубениот гроб“ е насловен дебитантскиот роман на Панче Коцев од Велес, кој попладнево беше промовиран во велешката библиотека „Гоце Делчев“. На промоцијата, 24-годишниот автор рече дека делото е „триаголник скроен од наука, интрига и авантура“ – тројца еминентни професори по археологија, поранешни колеги на факултет, ги обединуваат своите сили во остварување на нивниот сон – да го пронајдат гробот на Александар Македонски.

-Потрагата започнува во Александира, но по откривањето на неколку артефакти, тие се префрлуваат на европско тло, во Македонија. Марко, млад водич-кустос на археолошкиот локалитет Стоби, се приклучува во тимот и се покажува како клучен играч во истрагата, но запаѓаат во замка…, рече Коцев и најави најмалку две до три продолженија на книгата.

Извадоци од книгата читаше актерот Жарко Спасовски, а промоцијата беше збогатена со музички настап на виолинистката Елана Ѓорѓиевска, професорка во ОМУ „Стефан Гајдов“, и младата виолинистка – ученичката Марија Иванова.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Боки 13 го најави предметот „Бумеранг“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција од денеска ја почнува кривично-правната операција …

error: Содржината е заштитена!