Почетна / Живот / Премиера на кабаре претставата „Чикашки перверзии“ од Дејвид Мамет

Премиера на кабаре претставата „Чикашки перверзии“ од Дејвид Мамет

Машина продакшн на ден 30ти јуни 2021 (среда) со почеток во 21.00 ч ќе ја изведе кабаре-претставата “Чикашки перверзии” од Дејвид Мамет во режија на Сибел Абдиу во Хотел Парк, во ресторанскиот простор „Фор“.

Автор: Дејвид Мамет
Режија: Сибел Абдиу
Продуцент: Слободан Трајкоски

Актери:
Дебора: Анастасија Ласовска
Џоан: Надица Петрова,
Дени: Харис Салкоски
Берни: Бобан Алексоски

Визуелен уметник: Љуљзим Луиџи Бејта
Консултант по сценски движења: Александра Кочовска Начева
Костимограф: Диелза Минци
Монтажа на трејлер: Фисник Халили
Асистент на камера: Скофјан Бејта

Продукција: Машина продакшн , Пик продукција, Raven City Production во соработка со Златен Елец

Проектот е поддржан од Министерство за Култура на Р. Северна Македонија.

„Чикашки перверзии“ е ексклузивна и експлицитна провокативна кабаре претстава која ќе се игра во хотел Парк во луксузниот хотелски ресторан „Фор“ каде што публиката ќе има прилика да ужива во едно невообичаено искуство. Во овој концепт на ентертејнмент публиката ќе има прилика да гледа 4ца млади акери кои ќе се соблечат и емотивно и физички со цел да им приредат еден емотивен ролеркостер на гледачите.

Во продолжение режисерската експликација:

Пасија, пороци, фрустрации… сите поттиснати и етикетирани емоции како неприфатени од општеството, експлицитно прикажани во еден генијален текст кој опишува една урбана приказна на двајца мажи и две жени.

Инспирирана од вулгарната експлицитност на дискурсот на текстот, го создадовме и целосно сензационалниот концепт на оваа камерна претстава, која не е само претстава во која публиката ќе гледа група на актери пред нив, туку ќе има прилика да искуси неспоредливо искуство; да ги осети во своја кожа тие емоции, да воспостави несвесно емпатија со ликовите кои со сета своја емотивна и физичка голотија ќе ги заживуваат токму тие емоции.

Минималната публика поставена во луксузна средина во хотелски ресторан со сепареа и маси каде што актерите најизменично се појавуваат, допринесува да се воспостави таа блискост со ликовите и нивните емотивни падови и подеми.

Оваа претстава не е само една класична театарска претстава, туку едно експериментално искуство кое ќе содржи и провокација и емотивен ролеркостер кој ќе и даде на публиката можност да се осети жива.

Претставата ќе се одигра во затворениот дел на ресторанот Фор согласно одобрениот протокол за настани во затворено, т.е. 30% на посетители и задолжително носење на маски.

Претставата е исклучително за гледачи над 18 години.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Настан на специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина

“Не сме сите створени да правиме големи работи. Но, затоа можеме да правиме мали работи …

error: Содржината е заштитена!