Почетна / Телевизија / Празнично уживање со грандиозната Каролина и Филхармонија на МТВ 1

Празнично уживање со грандиозната Каролина и Филхармонија на МТВ 1

1 мај (среда) во 20.15 часот на првиот канал на Македонската телевизија ќе се емитува премиерно најновиот концерт кој најблескавата македонска ѕвезда Каролина го одржа во Македонска Филхармонија заедно со многубројниот оркестар.

Пред два месеци, дивата одржа повторно маратон на концерти, но овојпат отпеа песни во сосема поинакви аранжмани и со поддршка на музичките инструменти на оркестарот.

Сите што успеаа да се дел од концертните задоволства може да потврдат дека повторно се работи за врвни музички перформанси какви што само Каролина може да направи. Интересно е што покрај веќе обнародените песни од последните три етно поп албуми, на овие концерти беа изведени нејзини постари поп песни кои сега звучеа спектакуларно во една поинаква интерпретација.

Вечерва веднаш по централниот Дневник бидете со Прва и релаксирајте се со прекрасна музика, пред почетокот на работните денови од утре. Каролина, Македонска Филхармонија и Македонската телевизија со празничен подарок за сите сладокусци.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Не одете право, одете криво за името да ни е живо“

Добар ден, добро јуначе. Срце ми плаче шо не можам да се вклучам. Но еве …