Почетна / Серии / Теленовели / Потсетете се на вашата младост со „Една летна ноќ“ на Алфа

Потсетете се на вашата младост со „Една летна ноќ“ на Алфа

Oд понеделник (20 мај) на местото на “Непобедливо срце”, Алфа телевизија ќе емитува уште една српска играна серија, работена по роман на Мир Јам – “Една летна ноќ”. Серијата пред неколку години беше емитувана на Сител како и сите екранизации на романите на Мир Јам.

Иако продукцијата не беше во план за уште екранизации на дела од Мир Јам, сепак она што ги предомисли беше гледаноста и прифатеноста на претходните вакви мелодрами од страна на целата екс ју публика. Романсата и сега продолжува во една нова летна приказна, снимана во Венеција, Будва и Белград. Во продолжение ве запознаваме со содржината :

Серијата ги следи Кринка и Лола, две сестри во раните дваесетти години на минатиот век. И двете привлечни и доста интересни, но потполно различни како карактери. Кринка е повлечена, сака да мечтае и не е многу заинтересирана за љубовни односи. За разлика од неа, Лола е целосна спротивност – рано останала вдовица, но тоа не ја натерало да ја изгуби волјата за живот. Желбата да се живее ѝ носи голема радост, а среќата за неа се постојани флертови и средби со различни момчиња.

Едно лето, тие две заедно со нивната мајка, одат на патување со брод во Венеција. Нивните животи се менуваат на тоа патување кога ќе ги сретнат Дубравко и Жарко. Колку голема ќе стане љубовта меѓу Кринка и Дубравко, и ќе може ли Лола да го скроти срцето само за Жарко?

Од понеделник до петок во 19:50 часот ќе ја следите “Една летна ноќ” – серија за едно минато време, полна со романса, драма и топлина. Серија која ќе ве врати во времето на големите љубови и ќе ве потсети на вашата младост и вашата дамнешна летна љубов.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сител ја прекина „Далеку од дома“, продолженијата од есен

Од понеделник (3 јуни), турската историска драма “Далеку од дома” нема да се емитува на …