Почетна / Телевизија / АВМУ: Некои мк филмови на Телма биле погрешно категоризирани

АВМУ: Некои мк филмови на Телма биле погрешно категоризирани

ААВМУ изврши вонреден програмски надзор врз програмата на ТВ Телма за почитувањето на обврските за заштита на малолетната публика. При надзорот е констатирано дека на 17, 18 и на 20 април, играните филмови „Соба со пијано“ и „Три дена во септември“ беа погрешно категоризирани и означени како програма од втора категорија (8+), и беа емитувани во несоодветни временски периоди од деноноќието – првоспоменатиот пред 22 часот, второспоменатиот пред 20 часот. При тоа, Агенцијата се повикува на член 50 став 3 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (заштита на малолетната публика од програми што би можеле да му наштетат на нивниот физички, психички и морален развој), како и на членови 16 и 17 од Правилникот за заштита на малолетните деца.

На основ на тие членови, Агенцијата смета дека и покрај решението за изрекување мерка јавна опомена, донесено од 14.02.2020, радиодифузерот Телевизија Макпетрол ДООЕЛ Скопје не ја отстрани повредата и продолжи со вршење на истата повреда на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Одтаму, советот на Агенцијата треба да поднесе барање за поведување прекршочна постапка – објави ААВМУ.

извор

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски цензуриран на Телма? Ова е постот што тој го објави

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ се огласи на социјалните мрежи по повод откажувањето на неговото гостување …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!