Почетна / Сапуници / Фото | По врската со Дилета, Џан Јаман во романса со нова Италијанка

Фото | По врската со Дилета, Џан Јаман во романса со нова Италијанка

Турскиот актер Џан Јаман стана популарен со улогите во турските серии на Сител.

По “Полна месечина” и “Романтичарот”, сега на ред е неговата најнова романтична комедија “Господинот” која гледачките на Сител ја пратат секој викенд во 22.30 часот.


Неодамна беше откриено дека турскиот актер Џан Јаман и италијанската водителка Дилета Леота се разделија, а сега се појавија гласини дека романтичарот е во врска со друга жена.

Веднаш откако страстите стивнаа по раскинувањето со италијанската водителка Дилета Леота, се шпекулираше дека во неговиот живот влегла нова убавица – израелско-американската актерка и модел Моран Атијас.

Наводно, Џан Јаман уживал во друштво на бринетата за време на меѓународниот филмски фестивал во Венеција во септември, а пред камерата си разменувале погледи и насмевки, што го привлекло вниманието на фановите на актерот, па набрзо нивните фотографии ги преплавија социјалните мрежи.


Оваа 40 годишна актерка ја стекна славата благодарение на улогите во италијанските филмови, а подоцна работеше и на американски телевизиски проекти.

Таа е уште пзабележана во светот како модел, а во тој бизнис зачекори откако беше „откриена“ од Роберто Кавали.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжуваат „Трите сестри“ – вашата омилена серија само на Сител

На ваше задоволство, продолжува омилената серија за трите сестри. Срдечна и топла приказна за Туркан, …

error: Содржината е заштитена!