Почетна / Серии / Пред почетокот на новата 6. сезона, МРТ ве потсетува на „Преспав“

Пред почетокот на новата 6. сезона, МРТ ве потсетува на „Преспав“

Пред почетокот на најновата, шестта сезона од популарниот домашен ситком “Преспав”, Македонската телевизија ви нуди можност да се потсетите уште еднаш на претходните сезони од серијата.


Од 20.15 часот на 1 ноември започнуваат репризните изданија од третата сезона во која гледавме нова директорка на пансионот.


Уживаме со “Преспав” и ја очекуваме следната сезона во која повторно ќе се дружиме со екипата на една од најгледаните македонски серии, актерите Васил Зафирчев, Јелена Јованова, Игор Ангелов, Тијана Дапчевиќ, Горан Стојановски, Игор Џамбазов, Дритон Вејсели, Игор Стојчевски, Адриан Азири…

Од понеделник до петок во прајмтајм, и оваа сезона се смееме со јунаците на “Преспав”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се најголемите мистерии, дознаваме секоја сабота на Телма

Можните објаснувања за некои од најзбунувачките настани во светот во нова едночасовна документарна серија која …

error: Содржината е заштитена!