Почетна / Серии / Полициската серија „Rookie blue“ со ноќна реприза на Сител

Полициската серија „Rookie blue“ со ноќна реприза на Сител

Сител телевизија со ноќна реприза на “Полицајци почетници”, серијата која ги прикажува секојдневните возбудливи полициски акции на младите амбициозни полицајци кои се на самиот старт на својата кариера.

Во градот каде и најмалите грешки го носат човечкиот живот во смрт, овие млади луѓе ќе дадат сè од себе за да се докажат, но и да останат доследни до крај и исполнителни на нивните задачи.

За нив, грешките се поттик да се продолжи понатаму, уште пожестоко, уште похрабро и посамоуверено. За овие петорица другари кои заедно јаделе, спиеле, пиеле и учеле на Полициската акдемија, ова е нов тест на животот.

Борбата со криминалот на улиците на Торонто направи од нив поголеми луѓе и професионалци, а освен од 15-тата дивизија, очекувањата следуваа и од пријателите и фамилиите. Време е полициските почетници да ја поминат најтешката обука, наречена живот во репризното емитување на Сител секоја вечер по 2 часот по полноќ.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Репризи без престан, следува реприза и на „Викторија“ на Телма

Британската серија „Викторија“ повторно на Телма, од понеделник до петок во 19.15 часот започнувајќи од …

error: Содржината е заштитена!