Почетна / Сапуници / Новиот бато Кемал се враќа во најновата турска драма на Канал 5

Новиот бато Кемал се враќа во најновата турска драма на Канал 5

На местото на “Надеж” од идната среда на Канал 5 започнува најновата турска драма “За семејството!”. Се работи за серија која е во тек на снимање во Турција и која навестува нова трогателна приказна.

Потресна серија за нови ангели. Трауматична сага за напатените сирачиња. Деца оставени сами на себе под тмурното и отворено небо, покрај разгалените и богати тинејџери.

Многумина ја споредија со мега хитот “Ангели” затоа што серијата обработува слична тема за судбината на младите сираци кои ќе мора да се соочат со секоја животна тешкотија и да се изборат за бар едно парче леб.

И тука гледаме негативец кој нема да бира средства да стигне до целта. Новиот бато Кемал од “Ангели” овој пат е Акиф во “За семејството!” – oд среда во вечерниот термин на Канал 5.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија …

error: Содржината е заштитена!