Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / По пауза од 6 недели, ексклузивно на Сител следете ги емисиите на Гранд

По пауза од 6 недели, ексклузивно на Сител следете ги емисиите на Гранд

Вашите омилени шоу програми “Ѕвездите на Гранд” и “Никогаш не е доцна” продолжуваат на Сител телевизија !

По неверојатниот наплив на реакции на социјалните мрежи од фановите на популарните шоу програми, Сител телевизија излезе во пресрет на вашите барања и ви овозможи уникатна шанса да ги следите новите сезони од “Ѕвездите на Гранд” и “Никогаш не е доцна” само на фреквенцијата на Сител.

Бидете подготвени за највеселите празнични ноќи. Бидете подготвени да заиграте на најпознатите балкански рефрени и да се насмеете со најголемите естрадни ѕвезди на овие простори.

Емисиите на Гранд ексклузивно на Сител. Време е за празнична еуфорија каква што само може да посакате. Време за луда и незаборавна телевизиска забава со најгледаните телевизиски формати на Балканот.

Денови на вистинско уживање со тоа што следува. Оставете ги нервозите на страна и подгответе се за најсреќните новогодишни празници досега. Забавата е од сега само на Сител со “Ѕвезде Гранда” и “Никад није касно”.

Сместете се удобно во вашите фотељи и стискајте ги палците за нашите кандидати. Дали оваа сезона Македонците ќе ги добијат ѕвездените титули, останува да видиме и секако, да навиваме.

На ваше огромно задоволство, спектакуларните шоу програми “Ѕвездите на Гранд” и “Никогаш не е доцна” се враќаат на малите екрани.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вечерва гласаме за бројот 1 на 145 333 за победа на Мики во „Гранд“

Македонскиот идол Мики Секуловски е еден од најсериозните кандидати за победа во големото музичко талент …

error: Содржината е заштитена!