Почетна / Сапуници / Индиската серија на Алфа ќе ја гледаат и Албанците преку Алсат М

Индиската серија на Алфа ќе ја гледаат и Албанците преку Алсат М

 

Бескрајната љубов од сега и на фреквенцијата на Алсат

 

 

Индиската теленовела “Сарас и Кумуд – бескрајна љубов” се емитува на Алфа телевизија, од понеделник до петок во 16 часот и 30 минути. Од неодамна, серијата со албански превод се емитува и на фреквенцијата на Алсат телевизија, наменета за гледачите од албанската популација во Македонија. На Алсат, серијата е преведена како “Љубов и омраза”.

 

 

Од понеделник до петок во 17 часот и 20 минути, и гледачите на Алсат ќе се запознаат со приказната за Сарас и Кумуд, кои беа приморани да стапат во договорен брак како што налага традицијата на нивните семејства.

 

 

Како поминува времето, Сарас и Кумуд вистински се вљубуваат еден во друг, започнувајќи ја приказната за една бескрајна љубов, но на патот на нивната среќа ќе стојат маќеата на Сарас и момчето кое несреќно ќе се вљуби во Кумуд.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Запознајте го Хуанхо, главниот лик во серијата „Дива земја“ на Сител

Од понеделник (27 јануари) во 10 часот наутро на Сител телевизија со емитување ќе започне …

error: Содржината е заштитена!