Почетна / Живот / По 17-ти пат за Голема Богородица ќе се дарува крв во Скопје

По 17-ти пат за Голема Богородица ќе се дарува крв во Скопје

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар и Институтот за трансфузиона медицина на РМ, по повод празникот Успение на Пресвета Богородица, на 28.08.2019 година, традиционално по 17-ти пат организира  крводарителска акција. Крводарителската акција ќе се спроведе во Домот на АРМ, од 09:00 до 17:00 часот.

Целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини на крв во летниот период, заради можностите од недостаток на крв и крвни деривати. Оваа акција веќе 16 години покажува резултати на голема хуманост на граѓаните на град Скопје.

Во 2003-та година кога за прв пат беше организирана, бројката на крводарители беше 146, додека како резултат на нејзината традиција и препознатливост во 2018 година 264 граѓани ја покажаа својата хуманост со дарување на крв. Вкупната бројка на реализирани крвни единици за овие 16 години е 3708 крводарувања, или во просек 232 крводарители по акција.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Промовирана „Збирка есеи од кинеската филозофија“ на Стаматов

Ви ја претставуваме „Збирка есеи од кинеската филозофија” од Д-р Александар Стаматов во издание на …