Почетна / Телевизија / ААВМУ: Алфа постапи непрофесионално со дискриминаторски израз

ААВМУ: Алфа постапи непрофесионално со дискриминаторски израз

Целосно соопштение на ААВМУ од извршен програмски надзор врз Алфа :

Веднаш по емитувањето на вчерашното издание на емисијата „Збор по збор“ на ТВ Алфа, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги спроведе вонреден програмски надзор по службена должност и констатираше дека Телевизијата прекрши две начела за вршење на дејноста.

Имено, со начинот на кој беше формулирана темата за комуникација со гледачите, ТВ Алфа постапи непрофесионално и спротивно на законските начела за „негување и развој на хуманите и моралните вредности на човекот“ и за “еднаквост на слободите и правата независно од полот“.

ТВ Алфа донела уредничка одлука да употреби израз којшто е дискриминаторски и навредлив, односно се користи за етикетирање и дерогирање на ЛГБТИ – лицата. Телевизијата е свесна дека употребата на ваквиот термин е непрофесионална на што укажува и фактот што водителката на емисијата избегнува да го употреби, па дури и наведува оти ваквиот избор не бил нејзина одлука. Исто така, во конкретната ситуација, медиумот не прави разлика меѓу одговорноста што ја носи кога информира за настани што се случиле и кога самиот е извор на дискредитирачки изрази.

Агенцијата ги потсетува медиумите, како што неодамна ги потсети и политичарите, оти почитувањето на европските стандарди за слобода на информирање подразбира дека – при поттикнувањето на дебатата во јавноста за актуелните прашања треба да настојуваат дискусијата да биде на достоинствено ниво, а не да придонесуваат за неговото снижување.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Овие филмови се на репертоарот на Телма од 6. до 13. февруари 2021

ПРОГРАМСКА ШЕМА НА ТЕЛМА ТВ ЗА ПЕРИОДОТ ОД 06.02 2021 – 12.02 2021 САБОТА Телма …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!