Почетна / Телевизија / Дигитализацијата ќе ја спроведе операторот One

Дигитализацијата ќе ја спроведе операторот One

 

Дигитализацијата во Македонија ќе ја спроведе мобилниот оператор One. Единствениот оператор што се пријавил на тендерот на Агенцијата за електронски комуникации за дигитализација во Македонија има обврска до 01.06.2013 година да ја спроведе дигитализацијата низ целата држава. One треба да покрие минимум 80 отсто од домаќинствата со дигитален сигнал.

Почетната цена на тендерот изнесувала 300.000 евра, One понудил 300.001 евро, што треба да ги уплати во рок од десетина дена. Вредноста на банкарската гаранција е милион евра и истата ќе биде активирана доколку One не ја спроведе дигитализацијата во предвидениот рок.

Тендерот за доделување на радиофреквенции на ДВБ-Т оператор на дигитален терестријален систем кој ќе ги пренесува ТВ радиодифузерите во дигитален формат беше објавен во август годинава. 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ ја осуди изјавата на Ковачевски во врска со медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!