Почетна / Живот / Ова се добитниците на награди на Хрватското книжевно друштво

Ова се добитниците на награди на Хрватското книжевно друштво

Книжевната критичарка, есеистка и професорка на УГД, Ана Витанова Рингачева и писателот, поет, сценарист, Стефан Марковски, се овогодишните добитници на Интернационалната награда за новинари – книжевници Горан Бујиќ на Хрватското книжевно друштво.

Витанова Рингачева е добитник на наградата Горан Бујиќ за новинари – книжевници надвор од Хрватска, додека Стефан Марковски е добитник на наградата во категоријата млади новинари – книжевници. Витанова Рингачева и Марковски ги уредуваат списанијата за литература Зенит и Современост.

Наградата на животно дело ја доби Неделко Јусуп, новинар, публицист, предавач и уредник, основач и долгогодишен главен и одговорен уредник на неделникот и дневниот весник Задарски лист. Наградата Донат за придонес во културата годинава ја доби весникот Задарски лист, кој одбележува 25 години постоење. Книжевната награда Донат ја добија поетот, професор, музичар и афористичар Данко Ившиновиќ и Пејо Симиќ, книжевник.

Годинава за наградите одлучуваше 12-члено меѓународно жири, а наградите ќе се доделат на свеченоста која секоја година се одржува на 28 ноември, роденденот на Горан Бујиќ.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Охрид SOS : Марина во Студенчишко Блато не смее да има!

Во прилог соопштение на Охрид SOS до јавноста : Претставници на Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ …

error: Содржината е заштитена!