Почетна / Телевизија / Отворена програма на 1 ТВ во живо од православните храмови

Отворена програма на 1 ТВ во живо од православните храмови

Вечерва, ноќ пред големиот христијански празник, отворена програма на 1 ТВ во живо од православните храмови низ Скопје. Духот на убавата празнична вечер ќе влезе во домовите на граѓаните токму преку празничната програма на 1 ТВ.

Денес е денот меѓу смртта и воскресението. На Велика сабота се прават последните подготовки за празникот, се чисти куќата и се готви храна. Вечерта, околу полноќ, се оди во црквата каде што секој носи црвено јајце. На полноќ сите присутни со тропарот „Христос воскресе“ три пати ја обиколуваат црквата. Во црквата се останува за големата литургија, а потоа се причестуваат, се кршкаат со црвените јајца и се омрсуваат. На малите деца вечерва под перницата им ставаат црвено јајце што им го даваат утре кога ги водат во црквата.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗНМ со пријава до ОЈО Скопје за заканите кон новинарот на Канал 5

По емисијата од средата (19 март) на “Само Вистина”, новинарот и уредник Александар Видиновски добил …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!