Почетна / Серии / Затворската драма „Orange is the new black“ премиерно на Нова
Серија на Netflix - добитничка на "Златен глобус" и "ЕМИ"

Затворската драма „Orange is the new black“ премиерно на Нова

Oд понеделник до петок во 21 часот на кабловската Нова С се емитува американската драма “Портокаловата е нова црна” со македонски титл за македонските гледачи. Во 2 часот по полноќ, ја следите репризата.

Насловот на серијата има врска со портокаловата униформа која ја добива секоја затвореничка додека не „созрее“ за да добие друга, но всушност се работи за паметна игра на зборови во која е содржан психолошкиот момент на „црното“ кое доаѓа подоцна. ТВ серијата е базирана на вистинска случка, а е правена според истоимената книга на Пајпер Керман која претставува мемоар за нејзините искуства од затворот.

Oва е приказна за Пајпер Чепман, која добива затворска казна во времетраење од 15 месеци, за шверц на пари од дрога – криминално дело кое се случило пред повеќе од 10 години, а во кое е вмешана нејзината тогашна партнерка Алекс.

Пајпер се помирува со својата судбина и се труди максимално подготвено и одговорно да ги одлежи петнаесетте месеци кои ги добила. Но… животот во затвор ти се менува уште првиот ден.

Тука важат сосема други правила. За еден погрешен збор може да останеш без јадење со денови, за погрешен поглед може да бидеш начекан во тоалетот, за обраќање со погрешен тон на погрешен човек може да завршиш во самица каде што слушајќи ги врискањата и завивањата преку ѕидовите од другите келии, тотално ќе изгубиш чувство за времето.

Во оваа средина ги има и типичните работи: корумпирани службеници, мажи кои ја злоупотребуваат униформата за да добијат сексуално задоволство од сексуално гладните затворенички, еден куп лезбејски активности, закани, сопки, забивања ножеви в грб…

Со оглед на минатото на Пајпер (била во врска со женски партнер) и нејзината сегашна ситуација (ѝ претстои брак со нејзиниот свршеник Лери), уште на почетокот може да се очекуваат интересни пресврти и изненадувања во дејството.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжението на „Life on Mars“ за викенд крими акција на Нова С

Секоја сабота и недела на кабловската Нова С го следите продолжението на познатата британска серија …