Почетна / Сапуници / На малите екрани доаѓа најновата драма со ѕвездата од „Парампарче“

На малите екрани доаѓа најновата драма со ѕвездата од „Парампарче“

Една од најпознатите турски актерки се враќа на малите екрани во нова трогателна драма. Ѓулсерен од “Парампарче” во најновата турска продукција “Ѓулпери” која започнува во Македонија.

Приказна за една жена која по исчезнувањето на нејзиниот маж на фронтот во Сирија е приморана сама да се грижи за нивните три деца. Несреќата доаѓа кога во обид да ја одбрани својата чест, приморана е да го убие деверот. Од тој момент го навлекува гневот на семејството на сопругот и бесот на нејзините деца. Деновите минати зад решетки нема да бидат нејзината најголема казна, туку довербата од децата која е веќе изгубена.

Наскоро, ѕвездата од “Султана”, “Бунтовничка”, “Конакот на агата”, “Парампарче” и “Љубов и казна” во нова турска драма на една национална македонска телевизија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжуваат „Трите сестри“ – вашата омилена серија само на Сител

На ваше задоволство, продолжува омилената серија за трите сестри. Срдечна и топла приказна за Туркан, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!