Почетна / Сапуници / Освен „Грешници“, и „Крваво цвеќе“ обновена за уште една сезона

Освен „Грешници“, и „Крваво цвеќе“ обновена за уште една сезона

Маратонската турска сапуница “Крваво цвеќе” доби зелено светло за нова трета сезона. Откако веќе беше објавено за “Грешници”, на ред дојдоа и другите дневни турски сапуници за обнова.

Па така, Баран и Дилан продолжуваат и наредната 2023/2024 телевизиска сезона секојдневно да ја споделуваат својата љубов на малите екрани во Турција со што серијата би имала минимум 550 продолженија покрај досега снимените 354 епизоди (прва и втора сезона) со едночасовно времетраење како што се емитува во Турција.

Во Македонија, серијата се емитува на Канал 5 телевизија и е во тек втората сезона која има уште многу до крајот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Брачни игри | Ве запознаваме со Санем од новата хит серија

Санем е адвокатка во адвокатската канцеларија на нејзиното семејство, но тоа е единственото нешто што …

error: Содржината е заштитена!