Почетна / Серии / Оставете ги слатките и подгответе се за „Фитнес“ на МТМ телевизија

Оставете ги слатките и подгответе се за „Фитнес“ на МТМ телевизија

Од 3 март на најдобрата скопска телевизија МТМ започнува нова руска хумористична серија. Затоа, бидете одлучни и намалете го вишокот на килограми.

Подгответе се за смеа и забава, но и малку вежбање со рускиот хит ситком “Фитнес”, од понеделник до петок во 22 часот на Прва Скопска МТМ и останатите регионални телевизии.

Што се случува кога една девојка со поприлично вишок на килограми, ја губи самодовербата? Нејзиното момче ја остава на свадбата, а таа е решена по секоја цена да му докаже нему, но и на себе дека може да ослабе. Затоа решава да вежба, но за тоа треба пари. А нашата Асија ги нема. Па, затоа на памет ѝ паѓа една одлична идеја – да се вработи како фитнес инструктор и така да вежба бесплатно.

Згодите и незгодите во фитнес центарот, следете ги на малите екрани. Оставете ги слатките и фатете се за теговите!

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Српска серија на МРТ 1 – секој работен ден „Жигосани во рекетот“

Серија за судбината на двајца кошаркари кои по одличната спортска кариера почнуваат нов живот и …

error: Содржината е заштитена!