Почетна / Сапуници / Канал 5 ги емитува најновите епизоди на „Забрането јаболко“
Паралелно со Турција, и во Македонија ќе се емитуваат најновите премиерни продолженија од "Забрането Јаболко"

Канал 5 ги емитува најновите епизоди на „Забрането јаболко“

Омилените ликови од светот на гламурот продолжуваат со нови доживувања и нови пресврти.

Од вчеравечер, гледачите и фановите на босфорската драма “Забрането јаболко” имаат единствена шанса да ги следат најновите случувања во животите на отмените и интригантни ликови на Канал 5.

Оваа сезона со емитување во матичната земја започна пред еден месец, а Канал 5 во моментов ќе ги емитува тие, најнови продолженија од серијата, чие снимање продолжува во Турција и наредниот период.

Нова сезона и нова уште полуксузна вила крај Босфорот ве очекува во новата сезона од “Забранетото јаболко”.

Хумор, драма, трилер и раскош следува и во наредните епизоди од сапунската драма. Трачеви крај базенот или ковање на нови заплети? Што следно ќе смислат Јилдиз и Ендер?

Нова љубов за Јилдиз, но и нови проблеми во врската со Халит.

Ендер продолжува со остварување на своите остроумни планови, но дали наддоаѓа и разнишување на нејзиниот брак со добриот Каја?

Ќе успее ли злобната Шахика и овојпат да ги уништи животите на Аргунови и да ја врати Империјата назад? Ќе успее ли “змијата” да посегне и овојпат по забранетото јаболко?

Следуваат возбудливи сплетки и неверојатни пресврти во продолжението на приказната. Дали Шахика подготвува спектакуларен масакр во кој умираат неколку од главните ликови, останува да почекаме и да видиме дали шпекулациите стануваат стварност.

“Забрането јаболко” од понеделник до петок во 22 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Емир и Рејхан од серијата „Ветување“ и приватно во врска

Озге Јениз (27) и Ѓокберг Демирчи (31) се главните протагонисти на турската сапуница “Ветување”, која …

error: Содржината е заштитена!