Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Маријана и Миро со нови термини на нивните емисии на Канал 5

Маријана и Миро со нови термини на нивните емисии на Канал 5

Познатата ток шоу емисија “Голден карпет” од сега ќе се емитува секоја недела на Канал 5 со почеток во 15.20 часот. Веднаш по вестите, следува многу забава, смеење и интересни балкански приказни.

И во новите емисии ќе гостуваат најпопуларните пејачи, спортисти, водители и политичари, кои ќе бидат ставени пред најразлични предизвици и во деликатни ситуации од кои нема бегање од водителот Миро Кацаров.

Освен таа забавна емисија, во недела на Канал 5 се емитува и “Седмо небо” со Маријана Станојковска во водителската улога.

Нејзината емисија од сега ќе се прикажува недела навечер во 22.30 часот. И тука следиме разговори во студио, надополнети со музика, танц и смеа.

„G Carpet“ и „Седмо небо“ за вистинска викенд ток шоу забава.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поткаст на Алфа – уште една ТВ емисија со разговори во студио

Секоја сабота во 22.30 часот, Алфа телевизија го емитува новиот проект – Поткаст Алфа. Разговори …

error: Содржината е заштитена!