Почетна / Телевизија / Нема повеќе вести и програма во живо, згаснува ли 1 ТВ?

Нема повеќе вести и програма во живо, згаснува ли 1 ТВ?

Вечерва на 1 ТВ беше емитувано последното информативно издание на Дневникот. Засега. Поради ситуацијата со случајот “Рекет” што го отвори Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција,  и притворот на неформалниот сопственик Бојан Јовановски, се доведува во прашање опстанокот на телевизијата. Од утре нема програма во живо, нема вести и емисии повеќе.

Од утре нема да има отворени програми во живо со Јадранка Костова, Борјан Јовановски, Александар Чомовски, Анета Кочишки, Сузана Турунџиева, Сергеј Варошлија, Ацо Кабранов, Сашо Ордановски, Драган Вучиќ, Жаре Бербер, Стефан Лазаров, Зоран Василевски и ред други тв лица кои беа препознатливи за 1 ТВ.

Дали најавите на Боки 13 за нови шоу програми, нова утринска емисија, отворено студио, нова играна и сериска програма, спортски преноси и др. ќе останат само план без реализација ?

Сметката на телевизијата е блокирана, а од денес вработените се на принуден одмор. Дали е ова крај на сензационалистичките вести, гала промоции и сопствени журки кои ги организираше телевизијата? Дали 1 ТВ ќе ја доживее судбината на А1 кон која се стремеше да стане?

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ацо Кабранов: Во Канал 5 примав 60.000 во плико на рака

Доскорешниот уредник на 1ТВ Ацо Кабранов во пост на Фејсбук обзнани дека додека работел во …

error: Содржината е заштитена!