Почетна / Филм / Македонската телевизија нѝ ја носи божиќната филмска магија

Македонската телевизија нѝ ја носи божиќната филмска магија

Божиќната магија може да започне. МТВ 1 со филмски авантури и комедии ве внесува во празничната еуфорија која допрва започнува. Оваа недела следуваат следниве филмски наслови :

Вторник (17.12.2019) 21:55 часот – “Sister Mary explains it all”

Фанатична и нетолерантна чесна сестра мора да се соочи со животите кои ги уништила, кога неколкумина од нејзините поранешни ученици упаѓаат на нејзиниот божиќен час. Дајан Китон,Волис Лангам и Брајан Бенбен во американската комедија од 2001. година.

Среда (18.12.2019) 23:15 часот – “Wind Chill”

Хорор божиќен филм со Емили Блант во главната улога. За време на Божиќните празници, двајца студенти се брзаат да стигнат дома пред големата снежна бура. Тие решаваат да возат по еден напуштен селски пат, но поради едно мистериозно возилотие излетуваат од патот. Долга и студена ноќ е пред нив и тие сфаќаат дека смртта од смрзнување не е единственото нешто од кое треба да се плашат на овој пат.

Сега се заробени во реон каде што нема сигнал за мобилен телефон, немаат греење и храна и почнуваат да се сомневаат дека не се единствени во ова прекрасно, но напуштено место.

Четврток (19.12.2019) 21:10 часот – “Call me Claus”

Режисерот Питер Вернер ни ја носи семејната комедија со Вупи Голдберг.

Луси е успешна и откачена продуцентка на телешоп која го најмува Ник да го глуми Дедо Мраз во нејзината новогодишна програма. Но, таа добива многу повеќе отколку што побарала; Ник е вистински Дедо Мраз, но време му е да оди  во пензија и пред тоа мора да најде замена, а неговиот избор е Луси.

Петок (20.12.2019) 21:10 часот – “On strike for Christmas”

Уште една комедија на Прва со Дафне Зунига, Дејвид Сатклиф и Виктор Зинк. Филмот зборува за Џој Робертсон, извонредна жена која со години се грижи за своето семејство. Нејзиниот сопруг, а и останатите од семејството не ја ценат доволно нејзината напорна работа, што особено доаѓа до израз за време на Божиќните празници. На Џој ѝ е „преку глава“ од се и затоа од овој Божиќ решава да штрајкува и им препушта на домашните сами да се организираат околу подготовките за Божиќ.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Првиот дел од шпионската акциона комедија „Кингсмен“ сабота на Сител

Кингсман: Тајната служба е акциона-шпионско-комедија од 2014 година, режирана од Метју Вон, а според сценарио …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!