Почетна / Сапуници / „Фамилијата Реј“ на Сител за нови утрински прераскажувања

„Фамилијата Реј“ на Сител за нови утрински прераскажувања

На местото на утринската серија “Розовиот дијамант”, на Сител стартува уште една телевизиска новела за љубителите на овој жанр. Минатава сезона, серијата се емитуваше на локалните телевизии. Сега, доаѓа и на Сител.

Пријателство предадено за моќ и пари. Љубов за која вреди да се умре и одмазда која го заслепува ранетото срце. Сплетки кои ќе ве остават без здив во најжешките летни денови. Време е да се дружиме со “Фамилијата Реј”, овојпат на Сител телевизија од 31 јули во 10 часот наутро.

Миленикот од “Скриени страсти” и “Научи ме да сакам” во новата мексиканска теленовела, која критиката и публиката ја споредија со американската “Далас” и која ги освои најголемите награди на престижните TV Addicto Golden awards во 2012-та година.

Од понеделник до петок на Сител телевизија бидете подготвени за утринско уживање со “ФАМИЛИЈАТА РЕЈ”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѕвездите на „Аси“ и „Ѓумуш“ во нова играна продукција на Сител

Нова играна серија на телевизија Сител. Ѕвездите на Аси и Ѓумуш се враќаат на малите …