Почетна / Телевизија / Додека сите телевизии емитуваат премиерни серии, на ТВ 24 има репризи

Додека сите телевизии емитуваат премиерни серии, на ТВ 24 има репризи

Ако на Сител и Канал 5 гледаме премиерни турски серии, на Алфа премиерна бугарска и турска серија, на Телма германска акциона серија и американска драмедија… на ТВ 24 ситуацијата е поинаква во ударните термини.

Телевизија 24 во моментов емитува исклучиво репризи на веќе емитувани серии. Па така, од понеделник до петок во 21.05 часот повторно се прикажуваат веќе емитирани епизоди од италијанската сапуница “Женски рај”, а во 22.30 часот во деновите вторник и среда повторно некои емитувани еппизоди на српскиот ситком “Ај не замарај”.

Репризите на серии продолжуваат и за викендите, па така во ударен термин од 21 часот секоја сабота и недела гледачите следат веќе прикажани епизоди од американската крими драма за “Реј Донован”.

И додека сите национални приватни телевизии емитуваат премиерна програма во прајмтајм, и воедно премиерни серии, телевизија 24 останува една од ретките, заедно со локалните телевизии, која на гледачите одлучи да им понуди веќе емитувани серии во својата програма.

До кога ќе продолжи овој “тренд” на 24ка, останува да видиме.

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ ја осуди изјавата на Ковачевски во врска со медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката …

error: Содржината е заштитена!