Почетна / Живот / Објавен четвртиот број на „Современост“ за 2023 година

Објавен четвртиот број на „Современост“ за 2023 година

Четвртиот број на списанието за литература, култура и уметност „Современост” за 2023 година вклучува 34 статии на 150 страници.
Бројот е составен од: 4 прилози проза, 9 прилози поезија инспирирана од творештвото на Ацо Шопов, своевремено главен уредник на „Современост“, 9 прилози интерпретации од кои 5 по повод 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов, 5 преведени прилози и 7 рецензии поместени во рубриката Вреднувања.

Бројот е отворен со прозни прилози од Стефан Марковски, Станка Бајлозова – Барламова, Љубинка Донева и Нове Младеновски.
Во рубриката Поезија се застапени тематски песни инспирирани од творештвото на Ацо Шопов од: Ристо Маџунков, Лидија Размоска – Тримовска, Зоран Пејковски, Тања Кузманоска, Снежана Паноска, Александар Михајловиќ, Емилија Карафилоска, Рате Савев и Владо Поповски.
Рубриката Интерпретации е дводелна и вклучува блок прилози по повод 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов од: Јасмина Шопова, Мишо Китаноски, Љубинка Донева, Васил Дрвошанов и Гордана Каракашевска, како и други прилози од: Верица Мукоска, Љубинка Донева, Елена Станкоска и Славчо Ковилоски.

Рубриката со преведени статии вклучува поетски творби преведени од англиски на македонски јазик од: Матиа Тарантино, Татев Чакијан, Рита Дав, Трејси К. Смит, Лангстон Хјуз.
Крајот е отстапен за рубриката Вреднувања отворена со критички осврт од Кристина Николовска, потоа следуваат прилози од Славчо Ковилоски, Никола Алтиев, Јадранка Клисарова, Викторија Митрикеска, Трајче Кацаров и Александра Јуруковска.
Илустрациите во последниот број за 2023 год. се преземени од уметничката галерија на Лирскиот дом на Ацо Шопов (1923-1982), со уметнички портрети на поетот, реализирани од страна на македонски уметници, меѓу кои Лазар Личеноски, Димитар Кондовски, Васил Василев, Боро Митриќески и Василије Поповиќ – Цицо.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На 22 декември, во Гевгелија ќе се одржи Вечер на слем поезија

Во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев” во Гевгелија ќе се одржи Вечер на слем …

error: Содржината е заштитена!