Почетна / Забава / Колку чинат билетите за концертот на Rudimental

Колку чинат билетите за концертот на Rudimental

 

Познати се сите детали околу цената и продажбата на влезниците за најголемата предновогодишна забава во Скопје, настапот на drum’n’base сензацијата RUDIMENTAL-Dj set.

 

 

Влезниците во продажба ќе бидат пуштени од понеделник, 18-ти Ноември, на сите продажни места на билет сервисот www.kupikartizase.com. Цената на влезниците за RUDIMENTAL е поделена во две категории:

Партер: 600,оо денари – 9.75 евра
Галерија: 800,oo денари – 13 евра
Вип: информации и резервации на 071 318 966 и 070 260 350

Како што предходно Ве информиравме настапот на RUDIMENTAL ќе се случи на 15-ти декември, во салата Експо Центар – Скопје, со почеток од 22 часот,а како специјален гостин истата вечер, со свој диџеј сет ќе се претстави и SevdahBABY. Бројот на влезниците е ограничен само на 2000, Ве молиме побрзајте!

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Модниот бренд „Елена Лука” на страниците на британскиот Vogue

Етаблираниот македонски бренд Елена Лука се најде на страниците на ноемвриското издание на престижниот магазин, …