Почетна / Серии / „Викенд со татко ми“, нова српска мини серија од 4 декември на Алфа

„Викенд со татко ми“, нова српска мини серија од 4 декември на Алфа

Откако дознава дека е тешко болен и дека му остануваат само уште неколку недели живот, Кашика очајно сака да го помине викендот со Огњен, неговиот 11-годишен син од претходниот брак.

Кашика е средовечен белградски криминалец, член на старата школа на банди, заробен во време кога бил во полна сила. Неговата поранешна сопруга доаѓа да го види бидејќи е свесна дека Кашики е при крај со животот и дека тоа е веројатно последната средба на таткото и синот.

Со оглед на тоа дека 5 години не го видел синот, сега Кашика се обидува на синот да му всади се што смета дека е важно за понатаму во животот и за опстанок на улица, а притоа да го научи момчето на искуство, на јачина, и мудрост.

Од понеделник, 4 декември во 20.30 часот на Алфа телевизија. Српска мини серија по сценарио и режија на Мирослав Момчиловиќ.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Документарната серија „Предатори од Карпатите“ на МРТ 1

Во документарната серија „Предатори од Карпатите“ ќе навлеземе длабоко во суровиот европски пејсаж кадешто човекот …

error: Содржината е заштитена!