Екин Коч македонската публика во моментов го гледа како Умут во најновата ноќна серија „Сеќавања“ на Сител, а популарниот актер веќе привлекува внимание и со својата нова романтична комедија во Турција.

Во „Сеќавања“ тој го толкува Умут, млад човек со извонредна меморија кој тргнува во беспоштедна борба за правда откако неговиот татко е обвинет за злосторство што не го извршил.

И додека на екран освојува со своите улоги, 34-годишниот актер неодамна откри и како изгледа кога тој е тој што треба да освои жена.

„Се обидувам да ѝ го привлечам вниманието, да правам убави работи. Сакам таа да дојде кон мене. Така ја покажувам љубовта, правам love bombing“, објаснил актерот.

Сепак, веднаш нагласил дека под тоа не подразбира манипулација или однапред смислена тактика.

„Не како нешто стратешко. Кога сум исполнет со таа љубов, едноставно ја давам таква каква што е“, појаснил Коч.

Актерот и претходно зборувал за љубовта и привлечноста, откривајќи дека кај една жена особено му е важно да може да воспостави вистински дијалог и да има што да сподели со неа. Иако љубовта, како што своевремено признал, не е центарот на неговиот живот, страста за него има големо значење.

Приватниот живот на Екин Коч ретко завршува на насловните страници, но познато е дека околу три години беше во врска со украинската манекенка Ирина Лункова.

Во јануари 2025 година актерот потврди дека нивната љубовна приказна завршила.
„За жал, повеќе не продолжува. Заврши. Помина извесно време“, изјавил тогаш Коч, без да открива детали за причините за разделбата.

Екин Коч е роден на 21 јуни 1992 година во Анталија. Студирал бизнис администрација на Истанбул Билги Универзитетот, а паралелно се обучувал за актерство.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
